Македонија 25. Генерално собрание

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.

Сојузот на средношколци ќе избира нов претседател, кандидати се двајца ученици

Сојузот на средношколци денеска во Собранието на Република Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес, на кој ќе се избира нов претседател на Сојузот и ќе бидат презентирани активностите и резултатите од двегодишниот мандат на досегашниот, Берин Мухамед.

-Ќе се избира претседател на Сојузот на средношколци – позиција со клучна улога во застапувањето на средношколските интереси на национално и интернационално ниво, наведува Сојузот на средношколци.

Има двајца кандидати за претседателската функција: Виктор Јакимов – ученик од средното приватно училиште „НОВА“ во Скопје, кој оваа година завршил втора година средно, и Иво Маркиќ – ученик од средното приватно училиште „Јахја Кемал“ – Скопје, кој во јуни завршил прва година средно образование.

Најнови вести од Македонија

To top