Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии.
СЗДМ изјавува дека моменталната состојба само ги потврдува нашите долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени. Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата.
Затоа АПЕЛИРАМЕ на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.
Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултираат со специјалистот и со нов извештај да направат промена, со Ваш избор од можните замени!, стои во соопштението СЗДМ.
Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија