Македонија Вселенската патријаршија

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата, соопштија од Вселенската патријаршија.

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.

-Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата, соопштија од Вселенската патријаршија.

Најнови вести од Македонија

To top