Македонија доаѓа на местото на Беким Сали

Собранието го верификуваше мандатот на пратеникот Зекирја Таири

На почетокот, по предлог на група пратеници и предлагачи, беа повлечени предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка.

Собранието го верификуваше мандатот на пратеникот Зекирја Таири

На предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и известувањето од Државната изборна комисија (ДИК), Собранието, на денешната 80. седница, му го верификуваше мандатот на новиот пратеник Зекирја Таири од ВРЕДИ кој доаѓа на местото на Беким Сали, кој е именуван за прв вицепремиер и министер за европски прашања.

На почетокот, по предлог на група пратеници и предлагачи, беа повлечени предлог законите за изменување и дополнување на Законот за полиција и на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка.

Седницата на Собранието ќе продолжи по завршувањето со работата на неколку комисии, односно по паузата до 12:30 часот која ја даде претседателот Африм Гаши.

Во продолжението на седницата Собранието треба да изврши избор на Арлинда Кадри-Шахиновиќ и Сузана Јошевска-Анастасовска за членки на Судскиот совет на Република Македонија, предложени од претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Пратениците треба да донесат и разгледаат повеќе предлог закони, меѓу кои се и измените и дополнувањата на Кривичниот законик во прво читање, како и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во прво читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во прво читање.

Најнови вести од Македонија

To top