Македонија

Со засадување автохтони растенија ќе се стабилизираат свлечиштата во ХЕЦ „Глобочица“

Создавање отпорна и функционална критична инфраструктура преку решенија базирани на природата, е целта на работилницата што се одржа во Струга во рамки на меѓународниот проект NATURE-DEMO (Nature-Based Solutions for Demonstrating Climate-Resilient Critical Infrastructure) во организација на ХЕС „Црн Дрим“.

Проектот, како што соопшти АД ЕСМ, е финансиран од Европската комисија, а се реализира во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

– Со оглед на тоа дека станува збор за инфраструктура од стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија, ХЕЦ „Глобочица“ е избрана како прва локација во државата каде ќе се применат напредни чекори преку стабилизација на свлечишта над браната со контролирано засадување на автохтони растенија и следење и превенција на евентуални идни ризици, соопшти АД ЕСМ.

Работилницата, како што наведуваат, била одлична можност за вмрежување и координација меѓу експертите од ИЗИИС, тимот на АД ЕСМ Подружница ХЕС „Црн Дрим“, претставници од локалнaтa самоуправa на Струга и на Охрид, јавните претпријатија, НВО секторот и техничките експерти.

– Со ова партнерство, АД ЕСМ преку ХЕС „Црн Дрим“ активно придонесува кон воведување на современ пристап во заштитата и управувањето со инфраструктурата. Грижата за отпорноста и сигурноста на системот е заедничка одговорност, а ваквите активности претставуваат важен чекор кон негово понатамошно унапредување и долгорочна стабилност, посочува АД ЕСМ.

Најнови вести од Македонија

To top