Со СДС Македонија станува се повеќе увозно зависна за струја, енергетската иднина е несигурна. 180 ден од 2023, Извештајот на државните ревизори констатира дека Македонија на долг рок не може да обезбеди сигурно снабдување со струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со СДС Македонија се повеќе увезува струја, но и јаглен кој во голема мера се обезбедувал од домашни извори.
Во изминатите три години за јаглен, мазут и природен гас се платени над 588 милиони евра.
Непланскиот однос на СДС во енергетиката заедно со нивните криминални навики ја разоруваат енергетската сигурност.
Во изминативе 7 години колку што се на власт СДС струјата е поскапена за 50%, што е резултат на катастрофалните политики во енергетскиот сектор и намаленото производство. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.