Македонија

Со повеќе активности ќе се одбележи Денот на згрижувачките семејства

Денот на згрижувањето традиционално се одбележува на 1 јуни и има за цел да ја истакне улогата на згрижувачите и значењето на нивната поддршка и љубов кон децата кои поради различни причини не можат да живеат со своите биолошки семејства.

Со повеќе активности ќе се одбележи Денот на згрижувачките семејства

Со повеќе промотивни активности низ градовите во државата, СОС Детското село ќе го одбележи Денот на згрижувањето, кој е посветен на подигнување на свеста за значењето и важноста на згрижувањето на децата, кои се наоѓаат во различни видови социјална и семејна ранливост.

Денот на згрижувањето традиционално се одбележува на 1 јуни и има за цел да ја истакне улогата на згрижувачите и значењето на нивната поддршка и љубов кон децата кои поради различни причини не можат да живеат со своите биолошки семејства.

Како што е најавено, во East Gate во Скопје од денеска до 2 јуни ќе биде отворена изложба или инсталација на четири тематски куќички кои информираат за згрижувањето.

Изложба или инсталација на тематска куќичка која информира за згрижувањето ќе биде отворена и во Трговски Центар Глобал во Струмица.

Денот на згрижувањето денеска во Гевгелија и во Свети Николе ќе се одбележи преку непосредна комуникација со граѓаните и случајни минувачи стручните лица од ЦПЗС СОС Детско село и ЦСР Гевгелија, кои ќе поделат информативни флаери и мотивациски честитки и ќе информираат за згрижувањето како услуга.

Најнови вести од Македонија

To top