Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

Со одлука на МЖСПП се затвора несoстандардната депонија за отпад во Никуштак

Наредбата стапува на сила веднаш, соопшти МЖСПП.

Со одлука на МЖСПП се затвора несoстандардната депонија за отпад во Никуштак

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково.

Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.

Наредбата стапува на сила веднаш, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање.

To top