Македонија

Слета авионот во кој се наоѓа Љупчо Палевски

Авионот на Туркиш Ерлајнс во кој се наоѓа првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо попладнево слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Тој пристигна со редовен лет на скопскиот аеродром во 19:30 часот и директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, најверојатно во Скопје ќе пристигне вечерва со авион од Истанбул. Надлежните ниту ја потврдуваат, ниту ја негираат информацијата, велат можеби ќе дојде вечерва, а можеби утре. Од МВР, надлежни да го спроведат транспортот заедно со полицијата од Турција, велат ќе известат штом ќе дојде, но од безбедносни причини не кажуваат кога.

Не знаат ни во затворот „Шутка“ во Скопје кога ќе дојде Палевски, кој треба право таму да биде однесен, а не пред суд. Веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно.

На 30 април Министерството за правда соопшти дека Турција дозволи екстрадиција на Палевски.

Во притворскиот затвор во Шутка месец и пол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓа преку посебен ходник.

Најнови вести од Македонија

To top