Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.