Неколку сообраќајници утрово Скопје беа затворени како дел од генералната проба во пресрет на 20. Министерски совет на ОБСЕ што од утре до петок ќе се одржува во Спортско – рекреативниот центар „Борис Трајковски“.
Утрово екипата на КУРИР беше на терен на булеварот „8-ми септември“ кои беше целосно затворен за сообраќај, па граѓаните утрово едвај стигнаа на своите работни места.
Нервозните граѓани кои полицијата ги пренасочуваше свиреа и се бунеа на блокирањето уште од денес рано утрово.
Поради блокадата во Карпош имаше целосен колапс на сообраќајот, особено во близина на трговскиот центар „Лептокарија“ и поликлиниката „Букурешт“.
Од МВР велат дека овие улици и булевари ќе бидат затворени до 12 часот попладнево.