Скопје денес и утре (1 и 2 октомври) ќе биде домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, Европската унија и пошироко. Самитот се организира од страна на Министерството за дигитална трансформација и Советот за регионална соработка (RCC).
На самиот почеток на утрешната програма, на 2 октомври, со почеток во 09:45 часот, ќе се одржи прес-конференција за медиуми во Музејот на современа уметност – Скопје, на која ќе се обратат:
Проф. д-р. Христијан Мицкоски, Претседател на Владата
Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформација
Амер Капетановиќ, Генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC)
По прес-конференцијата ќе следи официјалното отворање на главната програма, каде што фокусот ќе биде ставен на три приоритетни теми за дигиталната иднина на регионот:
Дигитален паричник – безбеден пристап до јавни и приватни услуги, Интероперабилност – технолошка поврзаност меѓу системите во регионот, Сајбер безбедност – заштита на податоци и критична дигитална инфраструктура.
Oчекувано е присуство на над 800 учесници, меѓу кои високи владини претставници, експерти, компании, академски институции и меѓународни партнери. WBDS 2025 ќе биде платформа за нови иницијативи, вклучително и дискусии за намалување на роаминг трошоците со ЕУ, во насока на воспоставување на модел „роаминг како дома“ помеѓу регионот и Унијата.