Македонија

„СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА ГО ПРОБУШИ И ДНОТО“: Се продаваат карти, а скијачите скијаат на земја, сува трева со корења и камења – не се лажете дека има снег!

„СКИ ЦЕНТАРОТ ПОПОВА ШАПКА ГО ПРОБУШИ И ДНОТО“: Се продаваат карти, а скијачите скијаат на земја, сува трева со корења и камења – не се лажете дека има снег!

Ски центарот „Попова Шапка“ периодов работи со полна пареа, откако неодамна падна снег, но не доволно за да работи центарот (доколку би имало некои прописи и инспекциски надзор).

Но, очигледно во недостаток на пари, оние што стопанисуваат со центарот одличија да ќарат пари од скијачите.

Оние што ги посетија ски-стазите овие денови се речиси разочарани од терените и особено од фактот што се пушта да работи ски центарот иако нема буквално никакви услови, а најмалку снег…

И додека скијачите си ги уништуваа скиите по камењата, земјата и грмушките, констатацијата беше едногласна „КАТАСТРОФА“.

Дел од скијачите коментираа и дека со право граѓаните бегаат од Македонија и парите ги оставаат во Банско и Копаоник, наместо тоа да биде во нашата Македонија.

Гневот кај скијачите е поради тоа што ски центарот работи, наместо под вакви услови едноставно да каже дека нема доволно снег и нема да работиме додека не се направат услови.

„Попова Шапка го пробуши и дното“, е највпечатливиот коментар од разочараните скијачи кој плаќаат по 1.100 денари за ски дневен билет.

To top