Македонија пусти грчки и бугарски желби и сништа среде европа

Скандалозно обраќање на грчка шовинистка во ЕП: Сонила дека сме Бугари кои зборуваат бугарски дијалект, а во ЕУ ни на сон не сме можеле без променета историја!

Нејзиното ултра-шовинистичко и преполно со лаги обраќање со уреднички коментар на КУРИР (во заграда):

– Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка (а не можеш да бидеш и Гркиња и Македонка, избери, ние се раѓаме како такви и такви умираме). Вистинска, не лажна како резидентите во Скопје (ајде да направиме ДНК анализа, кладба чиј ген ќе „тепа“?) . Тие се срамат да кажат она што се (таков не познаваме во Македонија). Дојдовме до точка каде честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите (на вторите , да, од пусти комплекси, сите ни ја сакате историјата). Нивната реакција е коректна, бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и дека нивната националност е бугарска (обратно, драга, бугарскиот е најсмешен дијалект на македонскиот, читај малку историја). Ако сакате мир и добри односи на Балканот историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа(одамна не сонуваме за тоа ако сте ваква „демократија“). Македонија е Грција – преболете го тоа – рече таа (проблемот е што вие не можете никако да го преболите тоа што сме и ќе останеме, за век и вековма).

Скандалозно обраќање на грчка шовинистка во ЕП: Сонила дека сме Бугари кои зборуваат бугарски дијалект, а во ЕУ ни на сон не сме можеле без променета историја!

Грчката шовинистичка европратеничка Афродити Латинопулу со скандалозно и безобразно обраќање им даде поддршка на колегите шовинисти од Бугарија кои бараат од извештајот за Македонија да се избришат термините македонски јазик и идентитет. Пред целиот Европски Парламент ултра-десничарката настапи со крајно навредливи и целосно негирачки ставови кон Македонците и македонскиот јазик.

Нејзиното ултра-шовинистичко и преполно со лаги обраќање со уреднички коментар на КУРИР (во заграда):

– Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка (а не можеш да бидеш и Гркиња и Македонка, избери, ние се раѓаме како такви и такви умираме). Вистинска, не лажна како резидентите во Скопје (ајде да направиме ДНК анализа, кладба чиј ген ќе „тепа“?) . Тие се срамат да кажат она што се (таков не познаваме во Македонија). Дојдовме до точка каде честа на Македонија и Грција ја бранат Бугарите (на вторите , да, од пусти комплекси, сите ни ја сакате историјата). Нивната реакција е коректна, бидејќи тие знаат дека моменталниот јазик во Скопје е бугарски дијалект и дека нивната националност е бугарска (обратно, драга, бугарскиот е најсмешен дијалект на македонскиот, читај малку историја). Ако сакате мир и добри односи на Балканот историјата мора да се обнови, инаку пристапот кон ЕУ нема да се случи ниту во нивните соништа (одамна не сонуваме за тоа ако сте ваква „демократија“). Македонија е Грција – преболете го тоа – рече таа (проблемот е што вие не можете никако да го преболите тоа што сме и ќе останеме, за век и вековма).

Се’ на се“, евтина и приземна одбрана на украдената територија по Балканските војни, факт кој некој треба да им го објасни на европските бирократи, односно „каде лежи зајакот“ во целата бугарско-грчка омраза и негирање на денешна МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Спротивно од Латинопули излезена од 19 век или поранко, нејзиниот сонародник Константинос Абванитис од групата Левица оцени дека напредокот во пристапувањето треба да зависи од исполнување на Копенхашките критериуми и изрази надеж дека Европската Комисија „ќе покаже иста ревност кон Западниот Балкан, како што покажува кон Источна Европа“.

Со негативен став кон нас, очекувано, настапија и бугарските шовинстички европратеници, како Ивајло Валчев, Станислав Стојанов, потоа Андреј Ковачев и останатите бугарски пратеници кои учествуваа во дебатата.

Сепак, наспроти тоа, мнозинството европратеници од партиите од т.н. „проевропско мнозинство“ во Европскиот парламент во синоќешната дебата по Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година, изразија поддршка за нејзините европски аспирации и за пристапување кон ЕУ.

Највпечатлив беше настапот на словенечката европратеничка Ирена Јовева која изјави:

– За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет и храброст – рече Јовева.

Јовева додаде и дека документот на пратеникот Томас Вајц е извештај за патот на земја кандидатка за членство, на кој таа е понижена од некои членки на Унијата. Таа нагласи дека нема да гласа за амандманите за бришење на формулација „македонски идентитет и јазик“ од Извештајот, потенцирајќи дека македонскиот идентитет нема да исчезне поради нечие лобирање.

Извештајот денеска ќе биде ставен на гласање.

Најнови вести од Македонија

To top