Селото Сирково е заштитено, куќите и црквата се безбедни, пожарникарите го гаснат големиот пожар во росоманско, потврдија попладнево за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.
– На терен се делува со десет пожарникари и шест возила, рекоа од Противпожарната единица која интервенира во кавадаречка и росоманска општина.
Оттаму појаснија дека пожарот е над селото.
Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук напиша дека била спасена фарма од пламените јазици.