Како претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински Струга кој учествуваше на денешниот протест пред Владата мислејки дека протестот е со цел за унапредување на работничките права, должен сум да го истакнам следното:
– Според начинот на којшто се одвиваше протестот и пораките кои што беа испратени од говорниците добив впечаток дека сум на погрешен протест, погрешно место, во погрешно време
– Иако претходно беше кажано дека протестот ќе биде исклучиво во знакот на работниците и работничките права, говорниците на истиот го покажаа спротивното. Тие постојано звучеа како гласноговорници на опозицијата против власта и со тоа дадоа сосема поинакво светло на самиот синдикален протест.
– Од тие причини, како претставник од СКРМ упатувам апел до претседателството на СКРМ да ја преиспита соработката со ССМ и во иднина да не се случуваат вакви испади каде што членовите на синдикатот се изманипулирани за политички цели.
Со почит
Васко Јолески
претседател на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински и член на Советот на СКРМ
Но, после овој статус на претседателот на СО при НУ Музеј Др. Никола Незлобински и член на Советот на СКРМ следеше и негово отстрануње од чет група на социјалните мрежи во која членуваат 69 луѓе, а при гласањето тој бил остранет со само 14 гласа.
