Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов вечерва од Сопиште истакна дека се борат на меѓународен план за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
-Ја градиме инфраструктурата. Испорачавме за една година инфраструктура во патишта, која што никогаш не била изградена од самото осамостојување на Македонија. Одиме напред во економијата, во финансиите, во локалната самоуправа, во образованието, вели Симеонов.
Додаде дека за првпат после седум години, минатата учебна година 2024/2025 обезбедени се и испорачани учебници за секој ученик и по секој предмет.
-Во здравството, како што ветивме, укинати се неефикасните економски директори. Во процес е вработување на 600 млади доктори специјализанти. Има нови 9 генерички лекови на позитивната листа. Зголемен е капитациониот бод на матичните доктори гинеколози и стоматолози, нагласи тој.