Македонија Министерството за одбрана и Армијата

Сиљановска – Давкова и министерот Мисајловски на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план на одбраната и Армијата

На промоцијата ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаим и заменик-директорката на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, Беатрис Годефра.

Сиљановска – Давкова и министерот Мисајловски на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план на одбраната и Армијата

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и министерот за одбрана Владо Мисајловски утре ќе присуствуваат и ќе се обратат на промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата.

На промоцијата ќе се обратат и амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаим и заменик-директорката на DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, Беатрис Годефра.

На настанот ко-организиран од Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор ќе бидат презентирани клучните наоди од процесот на родова самопроценка со кој беше проценета родовата сензитивност во одбраната и во Армијата, а ќе биде претставен и акцискиот план кој претставува стратешка рамка за унапредување на родовата еднаквост.

Најнови вести од Македонија

To top