Македонија Ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

-Од една страна, проширувањето е прашање поврзано за стратешкиот пристап кон безбедноста бидејќи е и безбедносно прашање, а од друга, хаосот во кој се наоѓа светот оневозможува на некој начин да се посега по нешта за кои, кога би имало мир, би биле сосема редовни. Но мислам дека токму тоа, од една страна, бара поодлучен однос кон Западен Балкан, што значи и кон Црна Гора, а се разбира останува прашањето за внатрешните реформи на Европската Унија за кои мислам дека сега не е време, не дека не се потребни, но мислам дека условите сега не го дозволуваат тоа – оцени претседателката.

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени дека таа изјава била дадена во условна, кондиционална форма.

– Изјавата на премиерот беше во условна, во кондиционална форма „ако треба“… Јас мислам дека ние, по Црна Гора, ако се споредуваме технички, сме длабоко навлезени во евроинтеграцискиот процес, низ реформска призма, но не би можела јас да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега бидејќи првпат и во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови за да почнете преговори. Ако гледаме низ техника призма, низ призма на скрининг, на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ – рече претседателката на заедничката прес-конференција со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој е во официјална посета на земјата.

Според претседателката, со тоа што Црна Гора ќе стане членка на ЕУ, Унијата ќе покаже дека членството на Западен Балкан е реалност.

-Од една страна, проширувањето е прашање поврзано за стратешкиот пристап кон безбедноста бидејќи е и безбедносно прашање, а од друга, хаосот во кој се наоѓа светот оневозможува на некој начин да се посега по нешта за кои, кога би имало мир, би биле сосема редовни. Но мислам дека токму тоа, од една страна, бара поодлучен однос кон Западен Балкан, што значи и кон Црна Гора, а се разбира останува прашањето за внатрешните реформи на Европската Унија за кои мислам дека сега не е време, не дека не се потребни, но мислам дека условите сега не го дозволуваат тоа – оцени претседателката.

Шефот на црногорската држава, од своја страна, посочи дека Црна Гора е предводник во процесот на евроинтеграциите и нивното членство во ЕУ би испратило силна и важна порака – дека членството е остварливо и оти тоа е можно.

-Да не заборавиме дека последна земја што се приклучи кон ЕУ беше Хрватска во дамнешната 2013 и дека на тој начин, токму поради тоа, членството на Црна Гора во ЕУ што сакаме да го реализираме во 2028 година би било не само успех на Црна Гора туку и една порака која би била испратена до сите други земји – дека реформите се исплатат, дека процесот на проширување е жив, и дека иднината на целиот регион на Западен Балкан е во ЕУ, нагласи Милатовиќ на заедничката прес-конференција со Сиљановска Давкова во Вила Водно.

Милатовиќ попладнево ќе го посети и Парламентот и ќе има свое обраќање пред пратениците. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top