Македонија Апел

„Што поскоро да се испратат хеликотери за гаснење на пожарот“, апелираат жителите на Гари

Според кажувањата на жителите, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу.

„Што поскоро да се испратат хеликотери за гаснење на пожарот“, апелираат жителите на Гари

Жителите на дебарското село Гари се загрижени за пожарот кој беснее во нивна близина, на планината Стогово. Таму гори сува трева и според извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) овој е еден од 12-те активни пожари во Македонија.

Според кажувањата на жителите, оганот од пожарот е на линијата од три километри до селото и се спушта надолу.

Апелираат што е можно поскоро да се испратат хеликоптери за гаснење на пожарот од воздух, за да не се случи најлошото, огнените јазици да се прошират и да ги зафатат куќите во селото Гари.

Повеќе фотографии на Република

 

To top