Македонија вечна слава

Сеќавање: Пет години од заминувањето на актерот Љупчо Тодоровски-Упа

Настапувал во над 30 филмови и ТВ-серии на осум јазици, има петнаесетина театарски режии, десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

Сеќавање: Пет години од заминувањето на актерот Љупчо Тодоровски-Упа

На 22 јануари 2021 година, на 63-годишна возраст почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски-Упа. Тодоровски дипломирал актерство во 1983 година во класата на проф. Љубиша Георгиевски.

За време на студиите настапувал во Драмскиот театар, а по академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можноста за почесто играње на филм, заминал за Белград, каде што настапувал во повеќе филмови и театарски претстави.

Од 1997, Љупчо Тодоровски-Упа се занимавал и со театарска режија, филмска и ТВ-продукција и пишување сценарија.

Настапувал во над 30 филмови и ТВ-серии на осум јазици, има петнаесетина театарски режии, десетици улоги во проекти и во театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

 

Најнови вести од Македонија

To top