Македонија

Сеќавање: 24 години од смртта на истакнатиот македонски пејач Јонче Христовски

Сеќавање: 24 години од смртта на истакнатиот македонски пејач Јонче Христовски

Денеска се навршуваат 24 години од смртта на Јонче Христовски, истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух.

Христовски славата на македонскиот мелос ја пронесуваше низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката.

Се прослави со својата песна „Македонско девојче“ (1964), чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“ и многу други во извонредно богатиот репертоар. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои сè до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“’, „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“…

Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните.

Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.

Христовски е роден во 1931 година во Битола.

Најнови вести од Македонија

To top