Македонија

Седница на Државната изборна комисија

Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска одржува седница на која треба да одлучува по приговорот од Европскиот фронт за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино.

За прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петтата и шестата изборна единица, до ДИК немаше други приговори.

На одлуката од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Најнови вести од Македонија

To top