Македонија СМА

Седма годишна средба за пациенти со спинална мускулна атрофија

Ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе се отвори дијалог за подобрување на пристапот до терапија, рехабилитација и системска поддршка, наведува Здружението СТОП СМА во соопштението.

Седма годишна средба за пациенти со спинална мускулна атрофија

Здружението СТОП СМА Македонија денеска ќе организира седма годишна средба на пациенти со спинална мускулна атрофија (СМА) и специјалисти за болеста, што годинава е насловена „СМА – можности и предизвици пред и после дијагноза“.

Како што е најавено, лекари, пациенти, родители и претставници на институции ќе дискутираат за подобрување на квалитетот на живот на лицата со спинална мускулна атрофија во нашата земја.

-Настанот ќе опфати излагања на медицински експерти, лични сведоштва на пациенти и семејства, како и презентација на резултати од локално истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со СМА. Ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе се отвори дијалог за подобрување на пристапот до терапија, рехабилитација и системска поддршка, наведува Здружението СТОП СМА во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top