По подолго време, се јави партијата на Љубчо Георгиевски. Веројатно поведени од најновите случувања и следејќи ја инволвираноста во криминал со Лотарија на Македониај на високи функционери од довчерашните коалициони партнери СДСМ и ДУИ, и НП влегоа во коцкарски предлог, со остроумен начин како да ја оправат Македонија. Можеби, пак, го користат празниот простор кој го оставија Груби и Ковачевски, за да Георгиевски стапи на лотариската сцена, прашуваат познавачите?
Како и да е, ВМРО-Народна партија предлага вклучување на Македонија во рамките на Европската лотарија и во веќе постоечките транснационални игри „Еуро милионс“ и „Еуро Џек Пот“ со можност за нејзино односно учество на нејзините државјани во игрите на среќа организирани од страна на Европската лотарија.
-Со ваквиот чекор ќе се овозможат повеќе видови на игри на среќа кои ќе овозможат пак да со исти уплати како и до сега граѓаните играат и за добивки од 80.000.000 евра но и надворешна европска контрола која ќе превенира во однос на некакви малверзации во поглед на организирањето и реализирањето игри на среќа, велат од ВМРО-НП.
Веројатно, во Мала Речица и на Бихаќка се тажни што Љубчо прв се сетил на овој „брилијантен“ предлог за експресно дигање на македонскаат економија на нозе и репидна консолидација на македонскиот семеен буџет.