Македонија Сите ќе одговарате

СДСМ со закани до Нетпрес

Правењето „државни непријатели“ од медиумите кај кои на некој од СДСМ не му се допаднал насловот е вршење притисок врз медиумите и нивно непотребно етикетирање

СДСМ со закани до Нетпрес

СДСМ повторно врши притисок на медиумите и во оваа прилика уште еднаш укажуваме дека недоличното и каубојско однесување со закани кон медиумите нема да го толерираме во иднина. Посебно не закани од типот „Сите ќе одговарате“ упатени кон медиумите и новинарите, наши колеги.

Правењето „државни непријатели“ од медиумите кај кои на некој од СДСМ не му се допаднал насловот е вршење притисок врз медиумите и нивно непотребно етикетирање.

Како Здружение на онлајн медиуми, уште еднаш ја упатуваме СДСМ доколку смета дека некој медиум ја „преминал линијата“ да се обрати до соодветните регулаторни тела и до соодветните институции. Во спротивно, начинот на кој се обраќа и комуницира со медиумите ќе стане начин на обраќање и комуницирање на медиумите со СДСМ.

Во конкретниот случај, со насловите од кои едниот медиум е објавен од СДСМ, а другиот не, и повлекувањето паралела за некаков заговор против партијата, како Здружение не гледаме ништо спорно. Медиумите имаат уредувачка слобода да креираат наслови, а СДСМ доколку смета дека нешто во тие наслови е лага или навреда, може да покрене постапка за што стоиме на располагање.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top