„Старт на најмизерната кампања на СДСМ. Подрум на дното. Северна бедотија и резил без граници. Муртинхаузен вода да ви носи. Црпко школа, овие не оделе ни на три часа ко него.“ Ова е само дел од коментарите на најновите лажни вести лиферувани директно од портпаролката на СДСМ. Верувале или не, на прес-конференција.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, категорично ги демантира тврдењата дека убиената Росица К. пет месеци пред трагичниот настан му испратила СМС-порака во која барала помош.
„Овој трагичен случај не смее да се злоупотребува за дневнополитички цели“, порачуваат од МВР за „Слободен печат“.
Во јавноста и на социјалните мрежи кружи изманипулирана фотографија за која се тврди дека е СМС пораката што Росица наводно ја испратила до Тошковски. Сепак, на сликата недостигаат три цифри од телефонскиот број, нема датум на испраќање, а веродостојноста не може да се потврди, па ја прави погодна за манипулација од мизерната СДСМ пи-ар машинерија. Слично како сечи-лепи „бомбите“, кои кога ќе ги слушневте цели како компактен разговор, сфаќавте дека СДС сечеле и лепеле, лажеле, сушеле…
На социјалните мрежи врие од осуди на ваквиот бескруплозен начин на терање кампања од лузерската СДСМ, која соочена со дебакл на претстојните избори и падната на ниво да биде „пата-пата“ со една Левица и да губи повеќе од 4 пати од ВМРО-ДПМНЕ, сега се користи и со лажни вести и манипулации, потценувајќи ја по којзнае кој пат интелигенцијата на сопствениот народ.
Казната, велат, следува на 19-ти октомври. Се погласно се слуша прашањето: Ќе поднесе ли Филипче оставка по дебаклот? Заедно се целата лузерска екипа околу него? Ќе го викнат ли Чом да го изгаси светлото на Бихаќка?

