Министерот за европски прашања, Беким Сали денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.
Како што информира Сали преку објава на неговиот Фејсбук профил, на средбата ја потврдил неговата цврста посветеност, како и посветеноста на Владата, кон процесот на европска интеграција.
-Европската агенда и реформите поврзани со неа остануваат врвен приоритет, со фокус на зајакнување на институционалните капацитети, градење доверба кај граѓаните и континуирана соработка со Европската Унија за ефикасна имплементација на реформите. Продолжуваме посветено по европскиот пат, напиша Сали.