Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн.
На двостраната средба, министерот Сали се фокусираше на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено од Унгарија, како значаен партнер во овој процес.
Од своја страна, амбасадорот Клајн ја потврди поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија и изрази подготвеност за унапредување на билатералната соработка во области од заеднички интерес.