Македонија Министерство за европски прашања

Сали и Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина

Посебно внимание беше посветено на статусот на клучните инфраструктурни проекти, при што беше нагласено дека дел од нив се соочуваат со доцнења, неуспешни тендерски постапки или прекинати договори, што претставува ризик за навремена реализација и користење на средствата.

Сали и Хоџа: Потребна е итна акција за подобрување на имплементацијата на ИПА проектите во животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, посветена на состојбата и предизвиците во имплементацијата на ИПА проектите во секторот животна средина.

На средбата беше констатирано дека, и покрај значајната финансиска поддршка од Европската Унија, реализацијата на проектите се соочува со сериозни предизвици, особено во делот на апсорпцијата на средствата, административниот капацитет и спроведувањето на јавните набавки.

Посебно внимание беше посветено на статусот на клучните инфраструктурни проекти, при што беше нагласено дека дел од нив се соочуваат со доцнења, неуспешни тендерски постапки или прекинати договори, што претставува ризик за навремена реализација и користење на средствата.

Министрите се согласија дека главниот предизвик не е во планирањето или обезбедувањето на средства, туку во нивната ефективна имплементација, и дека е неопходно:
-зајакнување на административните капацитети
-подобрување на управувањето со проекти
-поефикасна координација помеѓу институциите
-воспоставување механизми за спречување на неуспешни тендери

Дополнително, беше потенцирана важноста од забрзување на реформите во рамки на Поглавје 27 и исполнувањето на обврските од Реформската агенда, особено во делот на климатската политика и воспоставувањето на MRVA системот.

Сали нагласи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи активно да ја координира и следи имплементацијата на реформите, со цел обезбедување на поефикасно користење на ЕУ средствата и постигнување конкретни резултати за граѓаните.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top