Македонија Здружение на вработени во секторот игри на среќа

„Сакам да работам“: Зошто скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа се поважни од реформата на јавната администрација?

Од таму велат дека клучното прашање е: „Што зорт има некој штом инсистира во рок од 10 дена во јануари да ја заврши комисиската расправа за десетици амандмани и да ги стави измените на пленарна седница на изгласување“?

„Сакам да работам“: Зошто скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа се поважни од реформата на јавната администрација?

Министерот за информатичко општество и администрација јавно соопшти дека е скандалозно што три закони за реформа на јавната администрација, два за дигитализација и законот за медиуми кои се поднесени со ЕУ знаме се подолг период заглавени во Собранието. Наместо да се посветат на овие реформи кои се од витално значење за нашата интеграција во Европската Унија, пратениците прва задача со која се зафатија во новата 2024 беше туркањето на сила на Предлог законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа со ЕУ знаме во Комисијата за европски прашања, велат од  Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

-Ова е прв пат во историјата на законодавниот дом, законски измени од оваа сфера да не бидат разгледување во Комисијата за финансирање и буџет. Уште повеќе, на последниот трет ден од амандманската расправа, претседателот на комисијата дозволи вкупно да се работи едвај два часа и на крајот свесно не дозволи гласање за амандман поднесен од пратеник на владејачкото мнозинство со кој ќе се спасеше судбината на вработените во секторот игри на среќа. Нема друг пример во законодавен дом на земја членка на НАТО, која истовремено сака да стане полноправен член на Европската Унија, да се спречува гласање на народни избраници со деловнички акробации и тоа за прашања кои третираат илјадници работни места и стотици милиони евра годишни приходи во Буџетот на Република Македонија, се наведува во нивното соопштение.

Од таму велат дека клучното прашање е: „Што зорт има некој штом инсистира во рок од 10 дена во јануари да ја заврши комисиската расправа за десетици амандмани и да ги стави измените на пленарна седница на изгласување“?

-Која е таа ЕУ директива која предвидува затворање на легалните објекти за игри на среќа и отворање на диви играчници по подруми? Со која ЕУ директива се усогласува домашното законодавство кога остава без работа 10 илјади вработени? Владата на 16 јануари 2024 донела Програма за распределба на средствата од игрите на среќа и забавните игри за тековната година за финансирање на националните спортски федерации и проекти на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на спортот во Република Македонија. На истата седница Владата донела и Одлука за распоредување на приходите од игри на среќа во тековната година за финансирање на годишните програми на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната Асоцијација, на Здруженијата за борба против семејно насилство и Црвениот крст. Ова е уште една потврда дека средствата од легалните игри на среќа се користат за проекти од исклучително општествено значење. Доколку пратениците ги изгласаат скандалозните и противуставни законски измени ќе скратат 280 милиони евра или повеќе од пет проценти од проектираните приходи за 2024 во Државниот Буџет. За тоа некој ќе мора да понесе одговорност, истакнуваат од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

Најнови вести од Македонија

To top