ќе има одговорност за секој оној кој противправно именувал лица кои што не требало да бидат именувани по било кој основ, за секаде ќе има одговорност, и одговорноста ќе ги стигне сите оние кои што направиле и криминал и злоупотреба, истакна при своето излагање од собраниската говорница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски.
-Ние зборуваваме за одговорност и мора да има одговорност, и ќе има одговорност за секој оној кој противправно именувал лица кои што не требало да бидат именувани по било кој основ, за секаде ќе има одговорност, и одговорноста ќе ги стигне сите оние кои што направиле и криминал и злоупотреба. Одговорноста ќе ги стигне и тие што ја уништија Железница, меѓутоа и тие што им дозволија да ја уништат железница. Одговорност ќе има и за оние кои што бесправно, без основ именуваа во Агенцијата за електронски комуникации, бидејќи цитиравте дел од членовите на законот и кажавте дека согласно Законот за електронски комуникации, таму е стрикно предвидено кои услови да ги исполнуваат кандидатите кои што биле избрани. Од ова можи да се види кај сите кандидати кои што претходнои биле избрани од претходниот состав за кој што ние и тогаш апелиравме и денес, не ги исполнуваат условите за да бидат именувани и за тоа ќе има одговорност и мора да има одговорност, затоа што неправилно биле именувани. А зошто биле неправилно именувани? Кај сите кандидати, а сега членови на Комисијата за Агенцијата за електронски комуникации во пријавите за учество на огласите во нивните биографии ниту еден член нема 5 години соодветно работно искуство и посебни звања од областа на електронски комуникации, па што треба да е доволно од ова за да бидат разрешени, и кој треба да има одговорност денес, оној што ги именувал бесправно или оној што се бори да бидат разрешени оние кои што безправно се именувани и штета и прават на државата. Затоа ве повикувам заеднички да изгласаме она што е бесправно да го тргнеме и да тргнеме кон патот на правдата, одговорноста и борбата против корупцијата и криминалот која длабоко ја вкоренивте во нашата држава, рече Сајковски.