Предавањата и трибините на настанот беа дизајнирани за на учесниците да им овозможи опремување со практични примери, вештини и стратегии кои се неопходни за транспарентно работење во интерес на граѓаните и заедницата.
На настан учество зеде и Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, кои пред присутните сподели практики за успешно локално владеење, кои ги има акумулирано преку долгогодишното работно искуство во локалната самоуправа, вклучувајќи и трите мандати како градоначалник на Прилеп.
Во своето обраќање на настанот Ристески потенцираше дека најважните елементи во процесот на јакнење на интегритетот и постигнувањето успешни резултати се транспарентноста и отчетноста, бидејќи само на тој начин може да се изградат институции кои работат за интересот на граѓаните.