Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод, заедно со својот тим изврши увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“.
-Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица. Продолжуваме повторно заедно, истакна тој.