Делницата Велес- Градско на Регионален пат Р1102, поради поставување заштитна мрежа, ќе биде завторена за сообраќај денеска и утре од 09:00 до 16:00 часот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.