Ве молам, ми треба помош. Го бараме Маркијан, му избегал на Мики, Мики со повредена нога, излегол од дома и не можеме да го најдеме. Има црвена тренерка, ве молам некој ако го види да ни јави. Ако го видите застанете го, прашајте го како се вика, ќе ви каже. Ве молам, кој го видел да ни јави веднаш.
Со овие зборови видно вознемирена на социјалните мрежи се обрати пејачката Ребека Јанковска која го бара својот син Маркијан, кој пред малку излегол од зградата каде што живеат во скопско Тафталиџе.