Македонија

Реафирмација на поддршката од Чешка за членство во ЕУ

Реафирмација на поддршката од Чешка за членство во ЕУ

Претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, и членовите на ова работно тело, денеска имаа средба со Делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од Парламентот на Чешката Република, предводена од пратеникот Радек Вондрачек, заменик-претседател на Комисијата, која е во посета на Собранието.

Членовите на Чешката делегација, во која се и пратениците Петер Беитл и Марек Бенда, ја реафирмираа поддршката за евроинтерацијата на нашата земја и за надминувавање на актуелните предизвици на тој пат.

Џафери и Вондарчек разменија мислења за долгиот интеграциски процес на нашата земја, за пречките на тој пат, како и за поддршката од пријателските земји кои веќе се членки на Европската Унија, меѓу кои е и Чешката Република.

Притоа, беше заклучено дека нашата земја и сите земји од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од европското семејство. Во тој контекст, Џафери посочи и на последиците од долгото чекање за отворање на поглавјата од преговорите, што резултира со разочараност кај граѓаните и засилување на миграциите.

На средбата беа разменети мислења и за улогата на двете земји како членки на НАТО, како и за поддршката што ја добиваше нашата земја од Чешка во годините пред влезот во Алијансата. Во таа насока, беше заклучено дека една од клучните вредности е солидарноста меѓу европските земји во однос на интеграциските процеси на земјите од Западен Балкан.

To top