Нов директор на Клиниката за инфективни болести од попладнево е д-р Фадил Цана, потврдија за МИА од Клиниката.
Д-р Цана, инфектолог на Клиниката, го презема местото на д-р Милена Стевановиќ, која седум години беше директор на инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид – 19. Засега нема информации за причината за смена на д-р Стевановиќ и назначувањето на д-р Цана.