Македонија меп

Работна посета на министерот Муртезани на Варшава и Киев

Од почетокот на јануари, Полска од Унгарија го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.

Работна посета на министерот Муртезани на Варшава и Киев

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани од 16-ти до 19-ти јануари 2025 година ќе престојува во работни посети на Полска и Украина.

За време на посетата на Полска министерот Муртенани ќе се сретне со полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка. Од почетокот на јануари, Полска од Унгарија го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Двајцата министри на средбата ќе разговараат за приоритетите на полското претседавање со ЕУ како и процесот на пристапни преговори на Македонија.

По завршување на посетата на Полска, министерот Муртезани ќе продолжи во работна посета на Украина. Во Киев, предвидено е министерот за европски прашања Муртезани да се сретне со Заменик претседателката на Владата на Украина за европски и евроатлантски интеграции, министерка за правда и главен преговарач за членство на Украина во ЕУ, Олга Стефанишина.

Во рамките на посетата, ќе се потпише Меморандум за соработка помеѓу Македонија и Украина, кој ќе ја унапреди соработката во процесот на европската интеграција и ќе ја зајакне поддршката за Украина на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија.

За време на посетата на Украина, министерот Муртезани ќе оствари средби и со пратеничката во Врховната Рада на Украина и претседателка на комитетот за прашања за интеграција на Украина во ЕУ, Иванна Климпуш-Цинцадзе, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебинис како и со заменик министерот за култура и стратешки комуникации на Украина одговорен за европски интеграции, Андриj Наджос.

To top