Македонија ОГЛЕДАЛО на привлечност

Психологот Попова-Узуновска: Ќе кажам, за жал, жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг

Колку и да звучи грозно и да поттикнува лутина ова што ќе го кажам сега, но ќе кажам: Жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг во таа динамика. Тоа е истата паричка, само петка-глава.

Само што на здраворазумниот човек му е едноставно неприфатлива оваа вистина и во неговата глава се мотаат две прашања: Како може некој да биде таков лудак и да биде насилен и како може некој толку да трпи и да не замине?

Психологот Попова-Узуновска: Ќе кажам, за жал, жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг

„Ментално здрава жена ќе препознае дека нешто не е во ред кога ќе запознае лик со криминогена структура. Нешто ќе ѝ биде чудно. Но, тој е слабак во себе, па и тој не ја трпи здравата, па ќе избега од неа. Ќе кажам, за жал, жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг“, вели психологот Дора Попова Узуновски.

Дора Попова Узуновски е психолог, гешталт терапевт и магистер на психолошки науки од областа на клиничката и советодавната психологија.

Таа на својот Фејсбук профил отворено говори на многу теми, а сега се фокусираше на тема која нè мачи сите, како жртвите на семејно насилство не препознаваат дека се соочуваат со лик со нарушена психа.

Нејзината објава гласи:

Како жртвата го одбира својот џелат?

Една работа е како (не)функционираат работите во надворешниот свет, односно во институциите во општеството по повод прашањето семејно насилство. Но, сосема друга работа е внатрешната динамика на релацијата ЖРТВА-АГРЕСОР.

Таа динамика е многу покомплексна од тоа што навидум изгледа на површината.

Колку и да звучи грозно и да поттикнува лутина ова што ќе го кажам сега, но ќе кажам: Жртвата и агресорот се ОГЛЕДАЛО еден на друг во таа динамика. Тоа е истата паричка, само петка-глава.

Само што на здраворазумниот човек му е едноставно неприфатлива оваа вистина и во неговата глава се мотаат две прашања: Како може некој да биде таков лудак и да биде насилен и како може некој толку да трпи и да не замине?

Но, ОГЛЕДАЛОТО на привлечност меѓу овие двајца луѓе започнува многу порано пред да почне ќотекот.

И 100% ви гарантирам дека личност којашто е базично ментално здрава НЕ МОЖЕ да привлече ниту насилник за партнер, ниту жртва за партнер.

Личноста којашто е ментално здрава го одбива ПРИРОДНО овој образец од себе бидејќи не ѝ е познат. Не знае што е насилство, ниту пак сака некој да виси во нејзиниот врат и да треба постојано да го спасува.

Па, како се случува огледалото?

Многу често ако истражите една ваква релација ќе видите дека тие двајца луѓе се растени во средина на насилство или на сериозен недостаток на емоционална поддршка.

Кога некое дете е растено во ваква дисфункционална средина има две опции.

Едната е да ја продолжи традицијата на насилството и да биде насилник, а другата е повторно да ја продолжи традицијата и да биде жртва.

Двете опции како што гледаме се продолжување на традицијата. Е тоа е таа иста паричка петка-глава. И тие двајца луѓе се препознаваат во својата средина.

Насилството е нивна дефиниција за љубов. Не знаат поинаку и не научиле поинаку.

Гледајте што откривме за тепачот? Дека неговата структура била од претходно криминогена.

Што откривме за убиецот на Росица? Насилна и проблематична структура од претходно. Многу луѓе се жалеле на неговото однесување.

Нема шанси да сретнете тепач и агресор којшто е „здрав“ во одредени аспекти на неговото живеење, а е насилник дома.

Знаете зошто? Бидејќи тие здрави аспекти на неговата личност ќе го влечат болното кон здравото и во најмала рака ќе има внатрешен конфликт и чувство на вина.

И сега замислете излегуваат на дејт лик со криминогена структура и лик со ментално здрава структура. Ликот со ментално здрава структура веднаш ќе го препознае мирисот на насилството.

Абе ќе препознае дека нешто не е во ред. Нешто ќе ѝ биде чудно.

Тој лик не е привлечен за неа. Исто така здравата личност е досадна и непривлечна за насилникот.

Тој е слабак во себе. И затоа не ја трпи здравата, па ќе избега од неа.

Жртвата исто не трпи ментално здрав човек. Нема од што да биде зависна. Ментално здравата личност бара одговорност. Жртвата не знае за одговорност.

Значи нема шанси да знам и да сфатам дека некој се занимава со дроги и слични социјално непожелни однесувања и да ми се допаѓа за дружба, а камо ли за партнер. Ова нема теорија.

Личноста што го одбира насилникот за партнер ќе ви го рече следното: „Тој е проблематичен да, ама многу е добар и фин во некои други работи“.

Се разбираме овде? Таа го гледа доброто и финото во него.

Е, тоа страшната патологија. И оттука почнува пеколот.

Жртвата и агресорот си ги менуваат местата во релацијата. Во суштината двајцата имаат голема агресија внатре во нив. Само што жртвата е пасивно агресивна.

Бог да те чува од жртва дома што жив/а ќе те исцеди.

Една жена еднаш ми рече: „Јас сакав така да бидам сакана. Посесивно и љубоморно. Уживав во тоа. Се чувствував сигурно“.

Кога еден од овие двајца ќе почне ментално да оздравува, нема сила што ќе го сопре да излезе од релацијата. Тогаш се менува мајндсетот од корен.

Бликнува инстинктот за живот и за стравот веќе тука нема место.

Ќе облече влечки, ќе излезе низ врата и никогаш повеќе нема да се врати. Ќе тропа на 100 врати, па на една ќе се најде вистинска помош.

Ама кругот е толку токсичен, што ова сценарио се случува на еден во милион“, вели психологот Попова-Узуновска.

Најнови вести од Македонија

To top