Бугарија го тргна ветото и призна дека има во својата земја македонско мацинство, Брисел конечно ја отвори вратата за нас, а Македонија денес официјално ги започна, заврши и архивира преговорите за членство во ЕУ.
Се ова е постигнато во еден ден, со рекордна ефикасност. Веќе во понеделник Македонија станува 28-ма членка на Унијата, се вели во шегата на ПРВАСКОПСКА.МК.
Но ова не е се!
– Еврото станува официјална валута, и тоа по курс 1 евро за 1 денар, „за да не се мачат граѓаните со пресметки”, секој Македонец ќе може да се лекува бесплатно во ЕУ како што ветуваше Зоран Заев.
Поради овој успех Заев од денес нема да инвестира во странство, напротив се враќа во македонската политика, народот му ги простува предавствата и бара Мицкоски да си замине, за лидерот од Муртино да биде поставен за доживотен премиер, оти ветува дека марихуаната ќе стане главна македонска земјоделска култура, а ајварот ќе се дели бесплатно – до крајот на векот.
Да, драги наши, Македонија конечно си ги реши сите проблеми – следуваат рајски моменти одамна ветени, само уште да се разбудиме!
Прва Скопска ТВ ви го честита 1 Aприл… денот на шегата АПРИЛИ-ЛИ-ЛИ…