Според последните најави на метеоролозите, првиот силен топлотен бран ќе пристигне на Балканот од петок. Температурите ќе бидат и до 36 Целзиусови степени.
Се очекува во следните денови источните делови на Балканскиот полуостров – Македонија, Бугарија, Грција, како и поголемиот дел од Романија да ги зафати првиот силен топол бран.
Во Македонија, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ-индексот ќе биде 6. Утринската температура ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот од 16 до 29 степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе биде од 13 Целзиусови степени наутро, до 26 во текот на денот.
За утре, според прогнозата на УХМР, се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови. Дневната темпертура утре ќе биде од 18 до 32 Целзиусови степени.
Во сабота, во Македонија ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 9°C до 16°C, додека пак максималната 26°C до 34°C.
Во недела, ќе имаме сончево и топло време, додека пакм во попладневните часови се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се движи од 10°C до 18°C, додека пак максималната 28°C до 35°C.
По викендот, во понеделник се очекува иста временска прогноза, но малку потопло. Минималната температура ќе се движи од 11°C до 20°C, додека пак максималната од 29°C до 36°C.