Македонија ФИНКИ

Протест на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, од Владата бараат подобри услови

На протестот пред владата на РМ, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.

Протест на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, од Владата бараат подобри услови

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно одлука од деканатската управа, организира мирен протест на 21.03.2024 (четврток) со почеток од 12 часот пред зградата на Владата на РМ.

На протестот пред владата на РМ, ќе се одржи 25-та редовна седница на Наставно научниот совет на факултетот.

-Со цел укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот, започнуваме со серија на мирни протести, се до остварување на целта. Воедно ги повикуваме сите лица кои сакаат да го подржат факултетот во остварување на нашето барање се добредојдени, велат од ФИНКИ.

To top