Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка.
Дирекцијата за заштита и спасување итно изврши мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш беше упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија.