Македонија

Пронајден мажот кој со јажиња врза дете, МВР му спрема кривична за „насилство врз дете“

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека запознаен е и Центар за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е предадено на мајката.

Пронајден мажот кој со јажиња врза дете, МВР му спрема кривична за „насилство врз дете“

По социјалните мрежи кружеше видео на кое дете е заврзано со јажиња околу вратот, рацете и нозете, поради тоа што наводно земало пари.

Според коментарите, ваквиот чин, неофицијално, го направил таткото на детето.

За тоа што нешто е превземено, одговор побаравме од Министерството за внатрешни работи.

-Во врска со видеото кое се споделува по социјалните мрежи, Ве известуваме дека СВР Струмица веднаш презеде мерки и е откриен идентетот на сторителот и по направените консултации со јавен обвинител против него ќе виде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство врз дете” по член 201а од Кривичниот закон, велат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека запознаен е и Центар за социјални работи Струмица, по чии насоки детето е предадено на мајката.

To top