Филип Поповски, вонреден професор на Техничкиот факултет во Битола е избран за нов претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Од УКЛО-Битола информираа дека изборот на нов претседател на Сенатот го изврши изборна комисија, со тајно гласање, на седница на универзитетскиот Сенат, а е извршен по престанокот на мандатот на досегашниот претседател Николче Јанкуловски, односно по неговото именување на функцијата заменик министер во Министерството за финансии.
Мандатот на новиот претседател на Универзитетскиот сенат е до 29.11.2024 година.