Македонија

Проф.д-р Срцева: Меѓународните препораки се на 100.000 жители да има 5 до 7 анестезиолога, во Македонија не се исполнети овие критериуми

Универзитетскиот професор на Медицински факултет во Скопје, доктор Марија Јовановски – Срцева,специјалист анестезиолог на КАРИЛ во своето гостување во Добриот доктор на Сител се осврна на едукациите во светски рамки, како и состојбата со анестезиолози во светски рамки и во Македонија.

Проф.д-р Срцева: Меѓународните препораки се на 100.000 жители да има 5 до 7 анестезиолога, во Македонија не се исполнети овие критериуми

Универзитетскиот професор на Медицински факултет во Скопје, доктор Марија Јовановски – Срцева,специјалист анестезиолог на КАРИЛ во своето гостување во Добриот доктор на Сител се осврна на едукациите во светски рамки, како и состојбата со анестезиолози во светски рамки и во Македонија.

– Во светот има недостаток на анестезиолози на глобално ниво. Во месец април се направи консензус на Светската здравствена организација заедно со Федерацијата за анестезија и дадени се препораки отприлика на 100 000 жители има 5 до 7 анестезиолога.

Државите кои се со low in come односно со midle in come за жал на 100 000 жители немаат 5 до 7 анестезиолози.

Статистиката за Македонија не е адекватна и за жал немаме точна стратегија според која може да се види каде се недостатоците со цел да се направи план,програма и имплементирање на протоколите според Светската здравствена организација, за да ги постигнеме посакуваните стандарди.

Според проф.д-р Срцева која има меѓународно искуство како предавач, неопходна е континуираната едукација и од огромно значење е размената на искуствата со странските научници и клиничари, а специјализацијата и науката и анестезијата и интензивното лекување не завршува со завршување на специјализацијата.

-Третманот на болка останува посебен дел во анестезиологијата, односно во поново време постои посебна супспецијализација за третман на болка,што бара мултидисциплинарен пристап и од физиотерапевти,невролози,ревматолози и тн.

Токму на последниот симпозиум во Белград, имаше посебна дискусија со нивното здружение за болка, кардио – васкуларни заболувања и анестезија и направивме мини форум за кој добив покана да предавам за многу ретки состојби во торакалната и васкуларната хирургија, за што ќе предавам во јуни во Белград.

Таа се осврна и на предавањата за трансплантација, како предизвик од анестезиолошки аспект.

-Најспецифични се трансплантацијата на црниот дроб и посебно трансплантацијата на белиот дроб.

Многу поспецифично од тоа е кога се прави мултиорганска трансплантација, односно трансплантација на неколку органи одеднаш, посочи таа.

Д-р Срцева се осврна и на разликата меѓу анестезијата која се применува при рутинските интервенции и онаа која се дава при трансплантација на орган или повеќе органи одеднаш.

To top