Македонија Сериозна закана за загадување на екосистемите

Проф. д-р Чибишев со предупредување за штетни супстанции, присутни во секојдневниот живот

Некои од овие хемикалии се означени како канцерогени, предизвикуваат болести на тироидната жлезда, бубрезите, црниот дроб и можат да доведат до повисоки нивоа на холестерол,неплодност и го ослабуваат имунолошкиот систем. Во светот сериозно се следи загадувањето од овие хемикалии и се работат опсежни научни студии за нивното штетно дејство на здравјето на луѓето“, наведува во својот пост директорот на Клиниката за токсикологија, прод. д-р Андон Чибишев. 

Проф. д-р Чибишев со предупредување за штетни супстанции, присутни во секојдневниот живот
„Перфлуороалкилините и полифлуороалкилните супстанции (ПФАС) или уште познати како ,,вечни хемикалии, според информациите од направени бројни иследувања и научни студии се присутни во секојдневниот живот и претставуваат сериозна закана за загадување на екосистемите и со тоа загрозување на здравјето на луѓето“, пишува во пост на ФБ проф. д-р Андон Чибишев.
„Ги има во разни производи кои секојдневно се користат во домаќинствата како што се хартии за пакување храна, разни ткаенини, шминки, тефлонски садови. Имаат многу долг полуживот на распаѓање и сериозно ја загадуваат почвата и водата за пиење“ , предупредува токсикологот Чибишев.
„Некои од овие хемикалии се означени како канцерогени, предизвикуваат болести на тироидната жлезда, бубрезите, црниот дроб и можат да доведат до повисоки нивоа на холестерол,неплодност и го ослабуваат имунолошкиот систем. Во светот сериозно се следи загадувањето од овие хемикалии и се работат опсежни научни студии за нивното штетно дејство на здравјето на луѓето“, наведува во својот пост директорот на Клиниката за токсикологија, проф. д-р Андон Чибишев.
To top