Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година.
Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар
„Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, големопродажните и малопродажните трговци остануваат целосно слободни самостојно да ги утврдуваат своите продажни цени“, се наведува во соопштението од ОКТА.