Македонија

Продавниците, штандовите и киосците да работат на 31 и 1 и за Божиќ, препорачува Владата

-Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови), се вели во соопштението на Владата.

Продавниците, штандовите и киосците да работат на 31 и 1 и за Божиќ, препорачува Владата

Продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало да работат за време на новогодишните и божиќните празници. Ова е препораката на Владата донесена на денешната седница.

Истата се однесува за деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024.

-Целта на оваа препорака, како што беше образложено од предлагачот, Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови), се вели во соопштението на Владата.

Исто така, како што е образложено, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата.

To top